5th Celebration of European Cooperation Day - IPA CBC MK - AL

Министерството за локална самоуправа, Скопје, во соработка со Министерството за евро-интеграции - Тирана, оперативни структури одговорни за имплементација на ИПА Програмата за прекугранична соработка, организираа Саем на ракотворби. Саемот се одржа на 10 ноември, во хотелот „Дрим“ во Струга, како дел од 5. прослава на Денот на Европската Територијална Соработка (ETCD).

На овој саем, прв од ваков вид, кој побуди исклучителен интерес кај изработувачите на ракотворби од двете земји, учестуваа гости од подобната област која ја покрива оваа програма: Пелагонискиот, Полошкиот и Југоозападниот регион, како и регионите на Дибер, Елбасан и Корча во Република Албанија. На оваа прослава учесниците, излагачите и посетителите имаа можност да добијат податоци и информации за тековната

Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија 2014-2020 од претставници на Министерството за локална самоуправа, ЕУ Делегацијата во Скопје и Заедничкиот технички секретаријат на Програмата со седиште во Струга, а во рамки на културно-уметничкиот дел на програмата свои настапи имаа и ученици од Државното музичко училиште во Струга како и културно уметничките друштва „Илинден“ и „Rrezet e Strugës”.

Во рамки на овој саем беа прогласени и првите 3 најдобри видео предлози oд Конкурсот за најкреативно кратко видео на тема: „5 причини зошто сакам да ја посетувам мојата соседна земја!“

Конкурсот кој беше објавен на 28 септември и траеше до 31 октомври, се однесуваше на кратки селфи-видеа (со времетраење од максимум 60 секунди) каде сите заинтересираните учесници на креативен начин можеа да ги наведат кои се нивните 5 видувања (лични причини) зошто сакаат да ја посетуваат соседната земја.

  • 10 November 2017