Конкурс за најкреативно кратко видео

Конкурс за најкреативно кратко видео на тема:
„5 причини зошто сакам да ја посетувам мојата соседна земја!“

Конкурсот за кратки селфи-видеа (со времетраење од максимум 60 секунди) започнува на  28 септември, 2017 година и ќе трае до 31 октомври, 2017 година.

Заинтересираните учесници во кратко (селфи) видео треба на креативен начин да наведат кои се нивните 5 видувања (лични причини) зошто сакаат да ја посетуваат соседната земја.

Прогласувањето и доделувањето на наградите за најкреативните три видео – предлози (прва, втора и трета награда) ќе се одржи на 10 ноември 2017, во Струга, во рамки на саемот на ракотворби, на кој ќе учествуваат изложувачи од двете земји кориснички на оваа прекугранична програма.

  • 28 September 2017