Прекуграничен саем на Ракотворби

Министерството за локална самоуправа, Скопје, во соработка со Министерството за евро-интеграции, Тирана, оперативни структури одговорни за имплементација на оваа ИПА Програмата за прекугранична соработка,  ќе организираат  саем на ракотворби, на 10 ноември, 2017 година во хотел ДРИМ, Струга, како дел од 5та прослава на Денот на Европската Териториална Соработка (ETCD). 

Сите заинтересирани изработувачи на ракотворби од подобната област која ја покрива оваа програма: Пелагонискиот, Полошкиот и Југоозападниот регион, како и регионите на Дибер, Елбасан и Корча, се поканети да учествуваат на овој саем.

Не се плаќа котизација за учество на саемот за ракотворби.

За сите учесници на саемот за ракотворби, ќе биде обезбеден организиран транспорт за две лица.

За сите учесници на саемот за ракотворби, ќе биде обезбедено сместување/ ноќевање на 9ти ноември, 2017 година во хотел Дрим во Струга, за едно лице.

Повеќе информации на линкот Прекуграничен саем на Ракотворби.

  • 10 November 2017