Донации

Поддршка на институциите, заедниците и ранливите групи погодени од Ковид-19 во погодените области на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија

 

Донација на пакети со храна на ранливите сиромашни семејства и заштитни материјали за полицијата

 

Министерството за локална самоуправа и Министерството за Европски прашања и надворешни работи, како Оперативни структури на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, заедно со Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, со цел да придонесе за вонредната состојба „Ковид-19“ и во двете држави, донесе одлука да искористи дел од буџетските средства на „Техничка помош“ на оваа програма, за да им помогне на институциите, заедниците и ранливите групи во рамките на прекуграничната програма.

Пандемијата го искомплицира животот на населението и нормалната функција на институциите во прекуграничниот регион, така што беше донесена одлука за распределување на итен буџет во висина од 10 илјади евра за оваа помош.

За да се реализира оваа активност, Оперативните структури започнаа преговори со Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија како органи, со цел да ги обезбедат потребните средства што ќе се користат за непосредна поддршка на институциите, заедниците и ранливите групи во рамките на програмата што ја исполнуваат погодените области од Ковид-19.

Врз основа на проценката на потребата спроведена во целниот регион, распределбата за итни случаи во буџетот се искористи за обезбедување на пакети со храна на најранливите групи, поточно социјално загрозени семејства во општините Елбасан и Грамш во Албанија и обезбедување на заштитни маски, нараквици и гелови на локалното одделение за внатрешни работи во Охрид, СВР Охрид во Северна Македонија. Така, паралелно беа спроведени две активности и во двете држави.

Сто и педесет пакети со храна за социјално загрозени семејства погодени од пандемијата  во Елбасан и Грамш, Албанија, беа донирани од Програмата и беа доделени од локалните власти.

На 7-ми мај 2020 година, во Општина Елбасан, пакетите со храна за социјално загрозените семејства погодени од пандемијата во Елбасан и Грамш во Албанија беа донирани од Програмата за прекугранична соработка ИПА II меѓу Северна Македонија и Албанија. Донацијата беше врачена од министерот за Европски прашања и надворешни работи во Албанија, Гент Цакај заедно со амбасадорот на ЕУ во Албанија Х.Е. Луиџи Сорека, на градоначалникот на општината Елбасан, Гледјан Иаѓа и до градоначалникот на општината Грамш, Клодијан Таце.

Министерот за Европски прашања и надворешни работи во Албанија, Гент Какај, истакна дека оваа програма е многу важна во развојот на локалните заедници од обете страни на границата, но и во затегнување на односите меѓу нашиот народ и нашите земји и изрази благодарност до исто така и ЕУ.

Амбасадорот на ЕУ во Албанија Х.З. Сорека истакна дека Европската унија одвои 50 милиони евра за Албанија за поддршка на деловните активности во овој тежок период, додека ги увери градоначалниците дека граѓаните нема да бидат сами во оваа „војна“.

Примачите на пакетите за помош (пакети со храна и заштитни материјали) и градоначалниците на Елбасан и на Грамш од Албанија, се заблагодарија на ЕУ за поддршката преку оваа Програма за прекугранична соработка, потенцирајќи дека е многу важно да се поддржуваат едни со други во овие предизвикувачки времиња. Тие истакнаа и дека со оваа иницијатива Европската унија ја покажува солидарноста и хуманоста, што е единствениот начин да се надминат кризите предизвикани од „Ковид-19“, што го намалува квалитетот на животот на граѓаните.

Милевски: Од Програмата за меѓуграничната соработка донираме на полицијата, тие се во првите редови во борба против кризата со Ковид-19

2.500 заштитни маски за повеќе употреби, 38.050 ракавици и 100 антисептик гелови ќе добијат полицајците од СВР Охрид, како и колегите од подрачните единици, во рамки на Програмата за прекугранична соработка ИПА II меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

 - Би сакал да изразам благодарност до Европската унија за прифаќањето на пренамена на буџетот за реализација на донацијата. Полициските службеници се дел од првите редови кои помагаат во борбата против оваа криза предизвикана од Ковид-19. Соработката меѓу Северна Македонија и Албанија ќе продолжи. Меѓуграничната програма е многу важна за развој на градовите од обете страни на границата, можности за напредок на заедницата, но и за добрососедските односи и поддршка за членство во ЕУ,  изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

 Буџетот за донацијата изнесуваше 10.000 евра, кои беа подеднакви како за земјава така и за соседна Албанија.

- Многу сум среќен што сум тука бидејќи имаме можност да ги пренамениме заштедите од Меѓуграничната програма помеѓу Северна Македонија и Албанија, опрема која сочинува заштитни маски, ракавици, антисептик гелови за полициските службеници од СВР Охрид и нивните подрачни единици. Токму ова нам ни е пракса и со останатите проекти, ги утврдуваме заштедите и директно ги пренаменуваме да помогнеме во борбата со корона кризата. Ова е само мал дел денеска што ние го донираме а е преку итните донации, кои воедно за останатите се за медицинскиот сектор како и за подобрување на социјално-економските мерки. Имаме околу 66 милиони евра во форма на грантови за Северна Македонија кои се неповратни а се за повеќе области, за помош на институциите, цивилниот сектор и граѓаните, потенцира Фрејк Јанмат, раководител на сектор за економски прашања, градење институции, прекугранична соработка при Делегацијата на ЕУ во земјава.

Полицијата е еден од најзначајните институции во општеството во текот на корона кризата што комплетно ги штити граѓаните и е постојано на терен, така што секоја донација за нив е добредојдена.

 - Донацијата од Програмата за прекугранична соработка ИПА 2,  меѓугранична соработка на Македонија и Албанија доаѓа во вистинско време и ќе ни помогне да бидеме поефикасни во реализацијата на задачите за поуспешна борба во сузбивањето на корона вирусот. Денеска со ова покажавте грижа за здравјето на полициските службеници и искажавте поддршка на СВР Охрид, потенцираше Илија Милески, началник на СВР Охрид.
 Инаку, сто и педесет пакети со храна за социјално загрозените семејства погодени од пандемијата „Ковид-19“ во Елбасан и Грамш, Албанија беа донирани од Програмата и примопредадени од страна на тамошните власти.

 Поддршка на институциите, заедниците и ранливите групи погодени од Ковид-19
<Image Image Image image image image image image image image image