Територија на програмата

Големината на прекуграничната област на програмата во двете земји изнесува 19,969 km2. Регионите од МК покриваат 52.5%, додека регионите од АL покриваат 47.5% од големината на прекуграничната област.


Вкупното население кое го опфаќа областа на програмата изнесува 1,427,675 жители, од кои 54% се од МК и 46% од АL.


Должината на границата помеѓу двете земји во областа на програмата изнесува 191 km. Граничната линија е поделена како што следува: 151 km е граница по копно, 12 km е граница по текот на реката Дрим и 28 km од границата, поминува преку Охридското и Преспанското езеро. Постојат четири (4) гранични премини помеѓу МК и АL.


Геогравската покриеност и големината на подобната област на прекуграничната програма е иста како и таа од претходната ИПА ЦБЦ Програма МК- АL, и покрива NUTS-3 региони во секоја од земјите.


Подобната област на програмата во двете земји се состои од 6 региони и 44 општини, како што следува:


Подобната област на програмата, од територијата на РМ вклучува 3 региони со 27 општини:

  • Пелагониски регион, ги вклучува општините Битола, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп, и Ресен;
  • Полошкиот регион ги вклучува општините Боговиње, Брвеница, Гостиивар, Јегуновце, Маврово и Ростуша, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино; и
  • Југозападниот регион ги вклучува општините: Центар Жупа, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски брод, Охрид, Пласница, Струга и Вевчани.

Подобната област на територијата на AL вклучува 3 региони со 17 општини:

  • Диберскиот регион ги вклучува општините: Дибер, Булќизе, Мат и Клос
  • Регионот на Елбасан ги вклучува општините: Елбасан, Черик, Грамш, Либражд, Пеќин, Белш и Пренјас; и
  • Регионот на Корча ги вклучува општините: Корча, Малиќ, Пустец, Поградец, Колонје и Довел;