Програмирање

Оваа ИПА ЦБЦ програма 2014-2020 е резултат на заедничките програмски активности преземени од преставниците на двете земји учеснички, вклучувајќи соодветни зинтересирани страни од централни и локални институции од програмската област, како и локални организации и различни идни корисници. Процесот на програмирање на ИПА II програмата, започна во јули 2013 година. Целиот курс на програмирањето беше базиран на заедничкото искуство од процесот на имплемнтацијата во периодот 2007-2013.

 

Развојот на програмскиот документ беше управуван од заедничка работна група (Joint Task Force - JTF) под водство на двете оперативните структури. Така, подоцна и програмата е управувана од двете оперативни структури: Министертсвото за локална самоуправа (МК) и Министерството за евро интеграции (АL). Работата на работната група, беше помогната и поддржана од техничката помош на CBIB+, проект финансиран од EU, преку кој проект беа обезбедени најдобри меѓународни практики низ целиот процес.

 

Работилниците на Оперативните структури и работната група, беа одржувани во целата фаза на програмирањето се со цел да се обезбеди ефктивно комуникативно водење при идентификацијата на тематските приоритети, за да се развие стратегија на програмата за програмската област, и да се воспостават соодветни структури за имплементација и надгледување.

 

Понатаму, други социјални и економски партнери беа поканети активно да учествуваат во процесот на програмирање, на ИПА ЦБЦ MK-AL програмата 2014-2020. Целта се реализраше во три насоки:

  • Да се информира пошироката јавност во државите за подготовката на програмата за прекугранична соработка, вклучувајќи индикативни полиња на подобни активности кои треба да се поддржат во рамките на програмата;
  • Придонес кон SWOT анализата и идентификација на потребите на приоритетите како и можности за ЦБЦ интервенции; и
  • Да се обезбеди на пошироката јавност можност да го изрази своето мислење и да обезбеди значаен придонес кон процесот на програмирање. Пред финализирање на програмскиот документ беа организирани консултации со јавноста.

 

Во прилог кон ова беше воспоставено начело на партнерство, со координирање на индивиидуални 80+ граѓански организации, главно за нивни придонес кон SWOT анализата и утврдувањето на тематските приоритети, и со учество на главните регионални и локални заинтересирани страни на консултативни работилници.

 

ИПА ЦБЦ програмата MK-AL за 2014-2020 беше одобрена на 11th декември 2014.